Се сеќавате ли на времето без мобилен телефон? Кога за одење во кино се договаравме однапред, кога не знаевме како ќе излеземе на фотографија, омилените песни ги чекавме на радио, а телефонските броеви ги запишувавме на лист хартија.
30 години од првото мобилно АЛО во Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=iQTPOZ9rLVg
Во изминатите 30 години, начинот на кој комуницираме се промени повеќе отколку што некогаш можевме да замислиме. Од првото мобилно „ало“, преку СМС пораките и мобилниот интернет, до свет во кој сме поврзани во секое време и од секое место.
Од првиот мобилен повик до денешната 5G+ мрежа, технологијата постојано се развива, a нашата потреба да останеме поврзани останува иста.