Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш


pres-sdsm-venko-filipce-pretsedatel.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека предлог Законот за државјанства не е доволно прецизен и има недоречености особено во делот на неговата примена. Филипче посочи дека СДСМ во однос на ова законско решение ќе интервенира со амандмани.


„Класична измама на власта. Се предлага Закон за државјанство на пратеници и се кажува, се предлага, да пратениците не може да имаат двојни државјанства. И тоа е добро. Но, никаде не е јасно кажано дека тоа ќе важи и за овој актуелен пратенички состав“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче изјави дека СДСМ ќе го поддржи законот, но ќе поднесе амандмани со цел да се обезбеди ова законско решение да важи и за сегашните пратеници.

„Овој закон ќе го поддржиме и амандмански ќе интервенираме во кои што јасно, точно со членови преодни, завршни одредби ќе пишува дека тие критериуми ќе важат и за актуелниот пратенички состав, и сите пратеници ќе треба да дадат соодветна изјава под соодветна одговорност дека немаат и друго државјанство“, рече Филипче.

Воедно, тој најави дека СДСМ ќе предложи и дополнително законско решение со кое истиот принцип ќе важи за сите функционери.

„Во исто време ќе подготвиме закон, да тоа важи и за сите избрани и именувани функционери. Значи за сите именувани и избрани функционери да важи истото, да имаат само едно македонско државјанство“, рече Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK