Филипче: Наместо да се даде поддршка на оние што ја хранат Македонија, земјоделството изумира


sredba-so-zem-filipce-5.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Босилово, имаше средба со земјоделци од струмичкиот регион, на која разговраа за моменталната состојба во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Филипче порача дека Владата на ВМРО наместо да биде потпора и да им даде поддршка земјоделците, тие го доведоа земјоделството до изумирање.


„Едноставно наместо да се даде поддршка на луѓето кои што ја хранат земјата, наместо да се даде поддршка на луѓето кои што може да го зајакнат секторот земјоделство и да бидеме главни извозници на храна и да го храниме целиот регион, ние сме соочени да целиот сектор земјоделство во државата изумира“, рече Филипче.

На средбата Филипче нагласи дека буквално сите земјоделци во земјава од сите региони, се соочени со големи проблеми и предизвици, доцни исплатата на субвенциите, а дополнително откупните цени се екстремно ниски.

„Секој еден сектор во земјоделството е соочен со големи проблеми и предизвици, така и денес луѓето кои што произведуваат и одгледуваат раноградинарски култури, јачмен, зелка, цвекло, сите се соочени со истите проблеми. Нема исплата на субвенции и многу екстремно ниски откупни цена. Ова е само уште еден знак за тоталната негрижа на Владата за секторот земјоделство. Вкупната сума на субвенции е намалена. Укинати се парите од ИПАРД програмите од Европската Унија, затоа што се фатени претставници на власта во директна корупција“, рече Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK