Филипче: Мицкоски едно нуди, сосема спротивно прави, не се чесни неговите намери

1-7.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Се што понуди премиерот пред два дена е дијаметрално спротивно на политиките кои ги води, се залага за департизација, а тоа што сега се случува во институциите е целосна партизација“, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во Струмица, во одговор на новинарско прашање во врска со платформата за 10 принципи за заедништво и сплотеност што ја понуди Мицкоски.


Филипче потенцираше дека наместо департизацја во моментов се назначуваат луѓе само по партиска основа, а тие кои припаѓаат на друг политички субјект или се преместуваат или се деградираат и се преместуваат на работа во други градови.

Филипче потенцираше дека нема поместувања ниту во борбата против корупција.

„Гледаме дека најавата за борба против корупција, криминал, неправилности во работата за жал е само најава, и тоа селективна. Премиерот не се грижи за тоа како се однесуваат неговите соработници и очигледно правејќи престапи на многу нивоа. Ние за тоа ја запознавме јавноста во изминатиов период“, рече Филипче.

Посочи дека во моментов нема некаков напредок на земјата.
„Не гледаме ниту еден чекор со кој се обезбедува идниот напредок на земјата во однос на евроинтегративниот процес. Во таа смисла ние како партија сме целосно посветени на напредокот на државата и можеме и сакаме да разговараме со секој кој има искрени намери и кој што има навистина вистинска работа. Не веруваме во овој момент ниту пак гледаме дека ВМРО ДПМНЕ има чесни намери во понудата за соработка. Сметаме дека тоа е само понуда да се обезбеди партнер за да поминат нивни теснопартиски или лични интереси“, изјави Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK