„СДС и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Толку од наводната итност на СДС и Филипче, толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДС и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДС и Филипче.
Филипче и СДС не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година.
Тогаш СДС и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка.
Зошто СДС и Филипче тогаш молчеа? Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција?
Филипче и СДС не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата.
Не може СДС во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.