– Од 17 до 19 мај Diamond Mall ќе биде домаќин на уште еден интересен настан – Фестивал на македонски домашни производи. На фестивалот што ќе се одржува под мотото „Вкус и традиција“, своите производи ќе ги изложат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.
Во деновите на одржување на фестивалот, посетителите во Diamond Mall ќе имаат уникатна можност да се запознаат, да вкусат и да набават голем број автентични производи како што се: домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.
Со организацијата на овој настан Diamond Mall овозможува поголема промоција на традиционалните домашни производи со висок квалитет, кои честопати не можат да се најдат на рафтовите во продавниците, што истовремено значи и голема поддршка за малите локални производители на ваквиот вид храна и пијалаци.
Овој настан совршено се вклопува во концептот на Diamond Mall кој нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, за гастрономско уживање и за забава. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall за кратко време од неговото отворање прерасна во новата популарна дестинација за сите жители и посетители на главниот град.