ФЕРОИНВЕСТ: ИРЛ со нови притисоци врз судиите кои судат во единствениот стопански спор на нашата компанија

feroinvest_8979787
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ја информираме јавноста дека групата ИРЛ продолжува со своето деструктивно однесување со цел да нанесе штета на компаниите ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО. Најновиот ангажман на припадниците на ИРЛ е да вршат медиумски притисок врз судот во случајот во кој нашата компанија го тужи министерството за здравство и бара државата да ги плати трите изградени амбуланти во Скопје, во единствениот судски спор кои компаниите од нашата групација го имаат.

Лице од ИРЛ влезе во судот на последното рочиште и бараше да го снима судењето, да изнесува детали во јавноста за предметот, вршеше притисок врз судечкиот совет и се однесуваше на веќе виден начин. Цениме дека целта на ваквите активности е истите да бидат јавна закана  за судиите, за тие да не досудат според правдата  со цел да избегнат да станат жртви на сајбер булинг и медиумски линч на ИРЛ, кој оваа група го спроведува под превезот на новинарството.


Уште повеќе, вработените во ИРЛ му нудат на Министерството надриправни совети извадени од нивниот лажен филм, како што во изминатиот период ги посетувале и обвинителствата за да ги убедуваат обвинителите дека треба да отвора предмети против БРАКО, а што самите го изнесоа во лажниот филм.

За жал, функционерите кои потпадна под заканите од медиумски напади и политички дискредитации вршени од ИРЛ на социјалните мрежи, со своите постапки нанесуваат штета на нас како компанија, но и на државата, сметана во камати, со што ја оштетија државата која самите треба да ја заштитуваат.

Потсетуваме дека 19-те модуларни болници, државата веќе ги плати, додека овие 3 амбуланти во Скопје кои се нарачани од државата, изградени, примопредадени и пациентите ги користат, не се платани, иако Владата донесе одлука со која го задолжи министерството да ги плати.

Пресудата за случајот ќе биде донесена во текот на следната недела, за што ќе ја известиме јавноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK