На денешната прес-конференција потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, заедно со претставниците на сите партии кои се дел од коалицијата „Европски фронт“ ги презентираа листите со кандидати за пратеници за сите шест изборни единици.
„Денеска, на мое огромно задоволство, како никогаш досега, Ве информирам дека Европскиот фронт синоќа до Државната изборна комисија ги достави носителите на изборните листи и сите 120 кандидати за пратеници на Фронтот „ДА на Европа, НЕ на Русија“ во шесте изборни единици во Северна Македонија.
На изборите на 24-ти април и 8- ми мај, Европскиот фронт ќе се натпреварува за секој глас на секој граѓанин, без разлика на етничката припадност“, рече Адеми.
„Во Првата изборна единица носител на листата ќе биде г-дин Блерим Беџети, додека по него следуваат: Илир Хасани, Хатиџе Топали, Наим Бајрами, Мунир Колашинац, Бесарта Алија, Шевал Нуредин, Имран Велија, Дренуше Граждани Шурлани, Фарук Авдиу,
Во Втората изборна единица носител на листа ќе биде г-дин Садула Дураку, по него следуваат: Скендер Реџепи Зејд, Дијана Тоска, Елми Азири, Бастри Бајрами, Фатима Османовска, Берат Ајдари, Висар Дурак, Зирафете Сламнику, Фадил Муртезани,
Во Третата изборна единица носител на листа ќе биде г-дин Сулејман Баки,
Во Четвртата изборна единица носител на листа ќе биде г-дин Енвер Хусеин,
Во Петтата изборна единица носител на листа ќе биде г-дин Зиадин Села, по него следуваат: Муса Џафери, Арбана Пашоли, Исмаил Јахоски, Фехми Скендер, Премтиме Зулали Делиај, Мевмед Халили, Арјета Ала, Ален Деаровски, Јетмир Ајредини.
Шестата изборна единица ќе ја предводи главниот креатор на “Европскиот фронт”, г-дин Али Ахмети, следен од првиот премиер Албанец г-дин Талат Џафери, а потоа следуваат: Илире Даути, Мендух Тачи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Салих Мурат, Фатмире Исаку, Мерита Мустафаи, Ајранит Хоџа, Арта Билали Зендели, Атнан Незири, Емир Сулејмани, Артина Ќазими, Шпреса Лутфија. Џемиле Салији, Валон Асани, Валдет Џафери и Фатон Ахмети“, изјави Адеми.
„Европскиот фронт силно ја поддржа Програмата и заедничката кауза – најбрза можна интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија и спречување на руските политики и влијанија во земјата и пошироко.
Уставните измени, евроинтеграциите, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор, се клучните зборови на заедничката програма.
Силно, веруваме дека „Европскиот фронт“ со нашите кандидати ќе ја постигне следната изборна победа – најдубедлива што е забележана досега или накратко кажано – плус 20 пратеници.
Покажавме дека оваа држава може многу добро да ја води, дури и подобро да ја менаџира еден Албанец. Тоа го докажа претседателот на Собранието, и актуелен премиер на Северна Македонија, г-дин Талат Џафери.
Тоа се докажа со извонредната дипломатија на државата. Во времето кога со Министерството за надворешни работи раководи д-р Бујар Османи. Тоа ќе се случи и по 8-ми мај, кога претседател на државата ќе биде д-р Бујар Османи.
Во наредниот мандат не очекува многу работа. Кандидатите за пратеници на Европскиот фронт се личности кои докажаа дека со љубов, посветеност и со голема одговорност ги извршуваат своите, задачи, обврски и водат грижа за граѓаните и државата.
За крај, ги повикуваме сите граѓани на државата, без разлика на нивната етничка припадност да го поддржат Европскиот фронт и идниот претседател, д-р Бујар Османи.
Да ја поддржиме каузата „ДА на Европа, НЕ на Русија“, која донесе длабоки промени во земјата – полноправно членство во НАТО, економски развој и подобар живот за сите нас. Нека биде успешен нашиот прогресивен пат“, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.