Европски сојуз за промена: Заврши техничкиот театар, да им се вратиме на корупциските скандали на ДУИ

Европски-сојуз-за-промена-Заврши-техничкиот-театар-да-им-се.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Се спушти завесата, претставата заврши. Музичарите го земаа бакшишот, пропагандистите милионери ги здиплија дебелите хонорари и избегаа во своите домови. Време е да се вратиме во реалноста“, рече Астрит Исени од Европскиот сојуз за промена.

Тој му постави неколку прашања на техничкиот премиер.

„Вети бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата. Денеска го потсетуваме на аферите со кои се идентификуваат тој и неговата партија:

• Соравија – 35 милиони евра злоупотребени на грб на граѓаните за збогатување на Дрин Ахмети;

• Лотарија – 40 милиони евра потрошени за набавка на нови машини за коцкање и зголемување на бројот на казина за мандат од 4 години на Артан Груби како прв вице премиер. Дали сте свесни дека на денот кога вие се назначувавте за премиер, во друг кабинет, Артан Груби со Перпарим Бајрами ја направија следната зделка за 12 милиони евра за апарати за коцкање?! 12 милиони евра се 12 училишта; 12 градинки; 12 амбулантни возила; 30 спортски терени; толку многу учебници што би ги снабдувале и училиштата на Косово и Албанија!

• Дурмо Турс – дали ќе ги посетите семејствата на оние кои ги загубија животите во трагедијата во Ласкарци и како ќе им објасните дека судството на РСМ, под политички притисок на вашата Влада, откако пет години го влечкаше случајот, донесе смешни казни за виновниците?!

• Модуларната болница – како се чувствувате кога член од вашиот кабинет е министерот за финансии, чиј брат, очигледно поради политичко влијание врз судството, избегна казна за смрта на 14 лица кои лежеа за лекување при пожарот во модуларната болница?!

• Беса транс – Денеска барам одговор: кога ќе го ослободите судството од канџите на политиката за да донесе правични, непристрасни одлуки кои барем малку ќе им ја олеснат болката на оние кои изгубија дури и цели семејства во таа трагедија?

2. ДУИ – традиционалниот и непоколеблив партнер на меѓународните пријатели во земјата и странство, започна непријателска кампања со која ги напаѓа амбасадорите кои и со зборови и со дела се посветени на агендата за европеизација на нашата земја.

-Како се случи тоа од главен партнер, се претворивте во главен кочничар на интегративниот процес, и да се обраќате кон еден амбасадор со уличен речник „гледај ги твоите работи!“

-Зошто амбасадори и меѓународните пратеници сега ја прескокнуваат политичката адреса на лидерот на ДУИ.

-Како се случи ДУИ која во името го има зборот интеграција, се претвори во партија на црните американски листи.

3. Ајде малку да зборуваме за демократските капацитети на техничкиот премиер:

• Ние веќе немаме дилема зошто токму Талат Џафери е избран за технички премиер – токму неговите вештини за процедурални трикови го прават незаменлив за извршување на техничките работи – уште еднаш потсетуваме дека токму тој, со трикови и итрини направи се, ги злоупотреби институциите, авторитетот на претседател на парламентот, ги прекрши законите и ризикува кривична одговорност за уривање на изборниот процес, со единствена цел опозицијата да не го заземе местото што му припаѓа со закон во Државната изборна комисија!“, вели Астрит Исени од Европскиот сојуз за промена.

„Европскиот Сојуз за Промена нема илузии – еден премиер со технички мандат нема ниту ингеренции, ниту моќ, ниту легитимитет за да адресира или да реши некоја од овие актуелни теми! Ова докажува дека неговото назначување беше само формалност во обид да се прикријат криминалот и корупцијата и заробувањето на државата од кликата на казино-кланот и други слични кланови.

Ниту една репортажа, ниту фолклористичка глорификација, ниту еден театар со пари на граѓаните нема да може да го избрише зулумот што ДУИ, Соравија, Лотарија, го вршат врз граѓаните. А сепак, тука сме да не молчиме и да бараме одговорност – дека Албанците се уморни од измами, уморни од илузии дека навистина нешто им се променило во животот со Талат како технички премиер“, изјави Астрит Исени од Европскиот сојуз за промена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK