ЕВН Македонија волонтираше во рамки на еколошката акција “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24”

evn_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените на ЕВН Македонија волонтираа во рамки на најголемата еколошка акција во земјава за чистење на отпад “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24”. Четириесетте волонтери собираа отпад на локацијата околу хидроцентралата „Матка“ и Изложбениот центар „Матка“.

Приклучувањето кон оваа акција го одразува контуинираниот придонес на компанијата во минимизирање на негативните влијанија и зголемување на позитивното влијание врз животната средина и општеството во целина.


„Партнерската улога на ЕВН Македонија во овој проект е доказ дека сме целосно посветени, ги воспоставуваме принципите на одржливост во сите наши активности и одговорно ги користиме ресурсите што ни се доверени за да ја зачуваме животната средина за идните генерации.

Ја препознаваме клучната улога во промовирањето на еколошките, социјалните и принципите на управување и усогласеноста со ESG стандардите. Одговорноста за развојот на стратегијата за одржливост е приоритет на највисоко корпоративно ниво, а наша должност е да придонесеме за одржлива животна средина и да создадеме зелена иднина за земјата.“ изјави Јирген Флајшхакер, заменик претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

ЕВН во сите свои активности ги втемелува принципите на одржливост и се стреми за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Енергетиката и заштитата на животната средина се меѓусебно поврзани сегменти и наша цел е да дадеме свој придонес во подигнување на јавната свест за правилно собирање, селекција и одлагање на отпад. Во оваа насока, спроведуваме разновидни проекти за заштита на биолошката разновидност, управување со отпад и опрема која содржи полихлорирани бифенили (ПХБ), заштита на почвата, водата и подземните води.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK