ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво (МЕД) потпишаа нов Меморандум за соработка за заедничко дејствување и размена на искуства во областа на биодиверзитетот и заштита на животната средина.
Со потпишување на овој меморандум се унапредува и проширува постоечката соработка за активности поврзани со заштита на биодиверзитетот, еколошка едукација, кампањи и заедничко учество на меѓународни проекти и иницијативи, на кои е ставен посебен акцент.
Соработката на ЕВН Македонија и МЕД започна во 2010 година со консултации за посакувани локации за поставување на гнездечки платформи за штркови, па продолжи со иницијатива за поставување на куќарки за модроврани во 2017 година и поставување на изолатори за заштита на ретки грабливи птици во Овче Поле и Тиквешијата во периодот 2019-2022 година.