Елвин Вели: Предизвикот е да продолжиме со добрата работа како обвинители кои долги години се во обвинителството

veli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели, на денешното потпишување на свечените изјави во Советот на јавни обвинители.

Вели, како и обвинителката Наталија Тасевска, денеска потпишаа свечена изјава за во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.


Во однос на прашањето за предизвикот во државното обвинителство кога во државата граѓаните на правосудниот систем даваат само еден процент доверба, тој одговори дека во тој дел треба да се поработи.

– Ќе треба да поработиме на тој дел, во делот на довербата и во делот на транспарентноста. Најпрво со соработка поголема со вас медиумите и со поголема отвореност спрема граѓаните, и, нормално, со извршување на работните задачи и обврским рече тој.

Транспарентноста ја издвои како приоритет, како и навременото завршување на работните обврски.

Во Советот на јавни обвинители свечена изјава денеска потпишаа и кандидатите во Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK