Екипите на Општина Центар и викендов на терен, се расчистува отпадот


centar.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екипите на Општина Центар и овој викенд беа на терен. На повеќе локации низ општината се расчистуваа диви депонии и наталожен отпад, а паралелно се работи и на санација на проблемите на јавните површини.


Општина Центар ја започна и есенската офанзива, во рамки на која општинските служби ги обиколуваат маалата и урбаните заедници и пристапуваат кон решавање на проблемите на терен. Се санираат ударни дупки, оштетена урбана опрема, паднати и оштетени столпчиња и други оштетувања кои се во надлежност на Општината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека екипите ќе продолжат со засилена работа на терен и во наредниот период.

„И овој викенд нашите екипи се на терен и ги расчистуваат дивите депонии. Паралелно, со есенската офанзива одиме маало по маало, улица по улица, ги лоцираме проблемите и реагираме. Ги санираме ударните дупки, оштетената урбана опрема, столпчињата и сè она што е во наша надлежност. Проблемите што ги гледаме на терен, но и оние што ни ги пријавуваат граѓаните, ги решаваме етапно и во најкраток можен рок. Продолжуваме со работа во сите маала во Центар“, порача Герасимовски.

Есенската офанзива ќе ги опфати сите урбани заедници на територијата на Општина Центар. Општинските служби ќе продолжат да ги следат пријавите од граѓаните и да интервенираат на локациите каде што е потребно, со цел Центар да биде почист, поуреден и побезбеден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK