Една партија, два конгреса – Таравари вечерва, а Села в недела

Една-партија-два-конгреса-–-Таравари-вечерва-а-Села-в.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двата политички табори во Алијансатата за Албанците ќе одржат два конреса, вечерва и в недела.


Актуелниот лидер на Алијансата, Арбен Таравари, кој вчера објави дека ќе биде претседателски кандидат на опозицискиот Европски сојуз за промени, најави вонреден Конгрес вечерва во 19 часот.

Во објава за конгресот, Таравари на социјалните мрежи напиша: „Промената почна“.

Конрес најави и Зијадин Села кој не се согласува со Таравари за приклучување кон опозицискиот блок и се залага партијата да настапи самостојно.

Села објави дека Конгрес ќе се одржи в недела, и нема промена во датумот и локацијата. Одејќи контра Таравари, Села пишува: секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и е обид за измама и дефокусирање на членството.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK