ДЗС: Дипломирани студенти во 2022 помалку за 3,5 отсто во споредба со 2021 година

diplomiranje-studenti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На високите стручни школи и на факултетите минатата 2022 година дипломирале 7483 студенти на додипломски студии, што е намалување за 3,5 проценти во споредба со 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од пристигнатите извештаи, од вкупниот број дипломирани студенти, 5995, односно 80,1 процент се редовни, а 1488, односно 19,9 отсто, се вонредни студенти.


Поголем број, или 57,1 проценти, од дипломираните се студентки.

-Од вкупниот број студенти, 40 проценти дипломирале во рокот, додека 60 проценти дипломирале по рокот, наведува ДЗС во објавата за дипломираните во 2022 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK