Претседателот на собранието Талат Џафери се огласи по информациите за наводно УСБ кое деновиве е тема на препукувања меѓу екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и актуелниот потпретседател на партијата Александар Николовски.
Џафери ги демантираше тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека екс премиерот Никола Груевски му дал УСБ и плико на него и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со документи, во кои наводно имало содржина за измени на Кривичниот законик.
На прашањето дали екс премиерот Груевски му доставил на Џафери и на Ахмети УСБ и плико кои се однесувале на Кривичниот законик Џафери рече:
„Никаква вистина нема дека претседателот на Собранието од екс премиерот да прими било каков материјал. Тоа е невистина која само служи само за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи во форма која е пропишана со деловникот. Понатаму не би сакал да користам неоодветни зборови коишто ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста“ изјави Џафери.