Џафери: Придонесуваме во развојот на општеството преку обезбедување европски услови за образование

04032024_PVRSM_12.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Талат Џафери, денеска за време на работната посета на Битола, беше во посета на повеќе високообразовни институции. Џафери оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ги посети Педагошкиот факултет во Битола, како и Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ. Во Ректоратот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, се сретна со ректорот Игор Неделковски. На средбата, премиерот беше информиран за функционирањето, тековните активности и идните планови на оваа високообразовна институција.


„Задоволство ми е што можам од лице место да се уверам во она што се основни предуслови за работа на академската фела, на професорите, особено на студентите. Одблиску видов какви се условите и разговаравме кои се можностите за понатамошната поддршка од Владата и владините институции на овие значајни институции од сферата на образованието. Зборувавме и за колективните договори, иако за тоа имаме разговарано многупати досега, и разменивме соодветни информации по однос на текот на таа конкретна активност“, изјави претседателот на Владата, Џафери.

Премиерот го посети и Педагошкиот факултет во Битола, каде оствари средба со раководството и академскиот кадар на Факултетот. На состанокот беше констатирано дека оваа високообразовна институција продуцирала генерации на учители, наставници и воспитувачи, и е институција која во континуитет се развивала, почнувајќи од академија до факултет во чекор со времето и според образовните потреби во земјава.

Џафери го посети и Студентскиот информативен центар, кој е точка за поврзување на многу студенти со различни, слични и исти интереси и на кои им нуди широк спектар на активности, обуки, тренинзи, конференции, натпревари и слично.

Владата, изминатиот период, со донесување на нов Закон за високо образование, обезбеди повеќе права и можности за академската фела, со што ја гарантираше нивната слобода на делување и изразување, како за наставниот и научниот кадар, така и за студентите. Владата го унапреди и студентскиот стандард, а преку МОН се доделуваат повеќе различни категории државни стипендии, по различни основи, информираат од Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK