Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска присуствуваше на Третиот самит на дијаспората во Тирана, каде што отиде на покана на премиерот на Република Албанија, Еди Рама.
На Самитот присуствуваа голем број на државни и политички фигури од Република Албанија како домаќин, од Република Северна Македонија, Република Косово, како и претставници на албанската дијаспора од Европа и Соединетите Американски Држави.
Џафери, заедно со неговиот хомолог, претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, го следеше форумот на кој што имаше обраќања од кои можеа да се слушнат идеи, проекти и визии за сестрана соработка во полза на државите од Регионот. Факт е дека регионот се соочува со разни предизвици од економски, енергетски, здравствени, социјални и над се, од безбедносни аспекти и единствениот начин за успешно надминување на тешкотиите и напредок на регионот е сестраната регионална соработка со посветеност кон главните европски вредности, демократија, владеење на правото и на фундаменталните вредности, меѓутоа и значењето на помирувањето и взаемната почит.
Форумот беше одлична можност средба и размена на мислења во однос на актуелните текови во регионот и пошироко.