Движењето „ЗНАМ“ ги објави носителите на листите за пратеници

20240322_113216.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичката патија Движењето „ЗНАМ-За наша Македонија“, на денешната прес конференција информира дека вчера со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор се утврдени носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори.


Како што рече портпаролот на движењето, Никола Мемов, за носители на листите се кандидирани луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ.

За носители на листите се утврдени следните кандидати:

– За носител на листата во ИЕ 6, Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-За наша Македонија-Тетово

– За носител на листата во ИЕ5, Весна Бендевска, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна Претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Струмица.

-За носител на листата во ИЕ3, Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ2, Даниел Стојчевски, Директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија-Куманово, и

-За носител на листата во ИЕ 1, Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење „ЗНАМ-За наша Македонија“.

Портпаролот Мемов истовремено информира дека во недела, во Скопје, Движењето „ЗНАМ За наша Македонија“ ќе одржи Конвенција, на која ќе ги претстави носителите на листите за следните Парламентарни избори во сите шест изборни единици.

На Конвенцијта, како што рече Мемов ќе се обрати и кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитиревски.
Тој додаде дека Конвенцијата е од отворен карактер и упати покана до сите граѓани кои имаат интерес да присуствуваат на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK