„Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт во здравството само уништуваа и тоа буквално се. СДС и ДУИ само растураат и го гледаат само сопствениот интерес. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Цената за оваа негрижа ја плаќаат граѓаните. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар.
Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд.
Поради ова вчера бевме сведоци на два ужасни случаи.
Еден се случил, пред околу 10 дена скопската Клиника за гинекологија и акушерство. На новороденче му е исечен прстот од страна на акушерка вработена во Клиниката, но по реакција санирана е повредата. Акушерката била дадена на Дисциплинска комисија и била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита и промена на работното место.
Другиот случај за кој беше информирана јавноста се случил пред четири месеци на истата Клиника. На Клиниката била примена пациентка со проблеми во бременоста, а по 6 дена хоспитализација бебето починува во нејзината утроба. Потоа, по низа на операции по два месеци починува и мајката на бебето. Иако е поминато подолго време, уште се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод.
Власта на СДС и ДУИ се гуши во скандали. Потребен е рестарт на здравствениот систем час поскоро!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.