Два пожари на територијата на Велес

pozari-veles-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во моментов има активни два пожари на територијата на Општина Велес. Првиот е активен од 09.07.2024 од 16.30 часот помеѓу селата Отиштино и Оризари каде гори сува трева и трње на голема површина. Гаснат четворица пожарникари со едно противпожарно возило.



Вториот пожар е активен од утрово од 01.15 часот и е помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат четворица пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес, информира ЦУК.

Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот.

Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување.

Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите, извести ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK