„ДУИ предизборно си доделува 320 илјади евра народни пари“, велат од Левица

Измамена-жена-од-Кавадарци-уплаќала-пари-за-да-добие-кредит.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Во јавноста излезе информација дека според Одлука за финансирање на граѓански организации, донесена од страна на Министерството на Груби, предизборно ќе бидат поделени околу 325 илјади евра народни пари на разни анонимни невладини организации, блиски до ДУИ“, велат од Левица.


„Имено, во дел од невладините организации кои добиле државни пари, како основачи се јавуваат: Државен советник во Министерство за култура и поранешен пратеник на ДУИ; вработени во Министерството за политички систем раководено од Груби; поранешен член на ДИК; вработена во општина Струга; советничка за протокол во Владата.

Односно, јавните пари завршиле кај партиски послушници на ДУИ, вработени во јавната администрација на централно и локално ниво.

Дополнително, за да биде ова крадење на народните пари легално, во огласот за финансиска помош за невладините граѓански организации, намерно е избришан е членот 52 од Законот за спречување корупција – со кој се забранува корисници на финансиски грантови да бидат избрани или именувани лица во јавни институции.

Во ситуација на екстремна сиромаштија, кога над 500 000 граѓани одвај врзуваат крај, кога здравството е пред колапс и државата „не е во можност“ да обезбеди соодветен медицински третман за сите, кога учениците се уште ги немаат добиено потребните учебници, владејачките елити единствено се грижат како меѓусебно да си поделат над 320 илјади евра за фиктивни граѓански организации. Коруптивен тренд кој власта нема намера да го прекине, бидејќи буџетот за 2024 година предвидува цели 19.5 милиони евра да се слеат во „невладиниот сектор“, покрај капитални субвенции.

Ја потсетуваме јавноста дека политичката партија Левица се залага за целосна забрана за финансирање на невладини организации со буџетски пари (од владини и општински буџети), како и воведување строга регулација на финансиите на невладините организации, со цел спречување на вакво еклатантно перење на пари преку НВО“, се додава во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK