ДУИ ја поздрави изјавата на Ескобар дека Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

w_57339112-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата на специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Македонија да биде полноправен кандидат и веднаш да стане членка на Европската Унија.


Од ДУИ велат дека силното партнерство и мултилатералното сојузништво на Северна Македонија со НАТО и ОБСЕ е заслуга на проевропските политики на актуелната Влада, што е нагласено и во оценките на стратешкиот партнер на Северна Македонија – Соединетите Американски Држави.

„Затоа, кампањата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ги отелотворува промените што државата ги спроведе во однос на интеграцијата, додека истата политика ќе продолжи и по изборите на 8-ми мај, кога граѓаните ќе гласаат за остро да ги осудат руските импликации кои веќе се дел и од албанската и од македонската опозиција“, велат од ДУИ.

Според нив, токму шефот на дипломатијата Бујар Османи, воедно и кандидат за претседател на државата, како претседавач со ОБСЕ го претворил Скопје во светски центар на политичките случувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK