Дрекслер: Корупцијата и организираниот криминал заслужуваат повеќе внимание во следните недели

Dreksler
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не ја платат цената за тоа, корупцијата да не остане неказнива и да биде на товар на општеството, изјави германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Амасадорката Дрекслер во интервју за емисијата Трилинг за ТВ 24, посочи дека вклучувањето на бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот е дел од преговарачката рамка што  Македонија ја склучи со 27 земји членки на ЕУ.


– Преговарачка рамка со ЕУ е доволна гаранција дека по внесувањето на Бугарите во Уставот нема да има нови услови на македонскиот пат кон Брисел, рече таа додавајќи дека се надева оти наскоро ќе бидат изгласани уставните промени во Собранието.

Германската амбасадорка посочи дека минатата недела Бундестагот ја повика Владата да ја поддржи Македонија во сите нејзини реформски чекори во правец на Европската унија, конструктивно да ја придружува.

– Пратениците го земаа тоа за повод уште еднаш да ја искажат својата почит кон македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, вели Дрекслер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK