Како Демократска Партија на Турците на Македонија (ТДП), уште еднаш чувствуваме потреба да ја информираме јавноста околу предлог измената на законот за матична евиденција која е во собраниска процедура. Законот за измени и дополнување на законот за матична евиденција, кој две години по ред беше на дневен ред во собранието и беше симнат од дневен ред по интервенцијата на нашиот Претседател и Пратеник Др. Бејџан Илјас, дефинитивно е неприфатлив предлог за нашата партија и за нашите членови.
Со промената на законот се дава право на граѓаните да го сменат својот пол само со изјава заверена на нотар, што во иднина ќе им овозможи и со промена на полот во личната карта да склучуваат и хомосексуални бракови.
Поради овие причини јасно и недвосмислено им пренесуваме на тие кои го предлагаат овој предлог на закон и на оние кои ги поддржуваат овој и слични законски измени, дека како ТДП и како Турци кои живеат во нашата земја, категорично ќе се спротивставиме кон истите.
Ние сме длабоко убедени дека манипулацијата со биолошкиот пол, кој е создаден природно, со цел да се поддржи традиционалната семејна структура на нашето општество, е многу опасен предизвик за нашите идни генерации.
Како граѓани Турци на Република Македонија, со голема почит ја информираме јавноста и објавуваме дека секогаш ќе стоиме против вакви и слични иницијативи кои се во спротивност со нашата традиционална семејна структура и нашите духовни вредности.