„ДПМНЕ со рацете во медот, иста машина во Центар е купена по три пати пониска цена“, велат од СДСМ

sdsm-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„ДПМНЕ пак е фатено со рацете во медот. Градоначалници на ДПМНЕ ги тресе афера со јавни набавки на машини по астрономски цени, неколкукратно повисоки од реалните. Општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, по цена од речиси 50.000 евра, односно 2.950.000 денари“, велат од СДСМ.


„Иста машина е набавена и од Општина Велес по цена од околу 40.000 евра, односно 2.200.000 денари. Иста машина, како што произлегува од документите во прилог, е купена од општина Центар по три пати пониска цена. Општина Центар за машината платила 13.000 евра, односно точно 826.590 денари. Разликата е огромна.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и надлежните институции, Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.

Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има. ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на која не и се битни граѓаните, туку само личното богатење на одредена група луѓе“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK