ДПМНЕ и министерот за внатрешни целосно го заглавија процесот на вадење пасоши, велат од СДСМ

„Влезе-во-Влада-и-смени-лента-ДПМНЕ-ги-лажеше-граѓаните.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и создава уште поголем проблем со извадањето нови пасоши, оценуваат од владејачката СДСМ.


Од една страна, како што велат, нивниот министер за внатрешни работи во техничката Влада целосно го заглавува процесот со погрешни одлуки и чекори.

„Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши го укина вадењето пасош без закажување.

Тоа го пролонгираше целиот процес со месеци. Граѓаните со денови не можат да закажат термин, а оние што се сликале не можат да ги добијат пасошите со недели.

Од друга страна ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со законско решение може да се сменат обврски од меѓународен договор“, додаваат од СДСМ.

ДПМНЕ нема решение, како што најавуваше, туку на граѓаните им создава уште поголем проблем, се наведува во нивното соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK