Дождот помогна да се доизгаси пожарот кај Блаце

blace-pozar3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Локален дожд заврна кај Блаце и помогна за да се доизгаси пожарот, извести Центарот за управување со кризи.


Претходно од ЦУК соопштија дека два авиони „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување дејствуваат на пожарот во атарот на селото Блаце.

На непристапен терен гореше трева и нискостеблеста вегетација.

– Поради исклучително тешкиот и стрмен предел за движење, рано утрово договоривме да ангажираме два „ер трактори“ од ДЗС кои во овој момент дејствуваат со прецизно фрлање на водата врз пожарот. По нивното дејство ќе продолжи еден полициски хеликоптер кој ќе се обиде да им помогне на пожарникарите да воспостават контрола врз пожарот, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK