Донирај зелени поени за СОС Детско село – Пакомак 2023

пакомак
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Пакомак“ почнува хуманитарна иницијатива по повод интернационалниот Ден на семејството. Корисниците на вендинг машините за одложување на отпад отсега ќе можат да ги донираат собраните „зелени поени“ за СОС Детско село и да им помогнат на децата без родителска грижа да имаат посигурно и посреќно детско, велат од „Пакомак“.

Средствата се собираат преку одложување на отпад во вендинг машините поставени од „Пакомак“ и активирање на мобилната апликација „Ecomak“, која доделува поени во зависност од количината на отпад која ја одложува корисникот.


– Со помош на собраните средства, ќе се покријат дел од трошоците за психо-педагошка поддршка како и логопедски дефектолошки третман за децата без родители поддржани од СОС Детско село. Оваа иницијатива „Пакомак“ ја започнува симболично на интернационалниот Ден на семејството, за да потсети на важноста на грижата на децата. Децата без родителска грижа со одделувањето од своето биолошко семејство доживуваат трауматски искуства и се соочуваат со предизвици да се адаптираат во новата семејна, училишна и социјална средина. Трауматските искуства се тесно поврзани со големиот број на загуби низ кои децата поминуваат во самиот процес на одвојување. За да се олесни нивниот развоен процес, честопати е потребно ангажирање на стручни лица кои ќе направат темелна процена на индивидуалните потреби на децата и ќе овозможат соодветна поддршка, истакнуваат од „Пакомак“.

Преку донација за СОС Детското село, директно помагате на многу деца без родителска грижа кои се поддржани од оваа организација.

Повратните вендинг машини претставуваат современа технологија која овозможува софистициран начин на собирање на отпадот. Тие служат како одложување на отпадот, но нудат и стимулација за населението да ги селектира пластичните шишиња и лименките, благодарение на нивниот систем за наградување на собирачот.

– Овие машини се синхронизирани со мобилната апликација „Екомак“, преку која се собираат наградните „зелени поени“, кои потоа можат да се искористат за купување ваучери и производи, а отсега и за поддршка на децата од СОС Детското село. Апликацијата е комплетно бесплатна и достапна за преземање за сите Apple и Android корисници, посочуваат од „Пакомак“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK