👩🍳👶 Домашно, квалитетно, подготвено со љубов – дел од менито во градинките во Ѓорче!
Оброците за децата во сите градинки на територија на Ѓорче Петров се подготвуваат во централната кујна во објектот „Росица“ – со целосна контрола, планирана и безбедна исхрана.
Претходно, ужинките се добиваа од приватни производители, но беше финансиски неоправдана, а квалитетот не ги задоволуваше критериумите што ги сметаме за приоритетни кога станува збор за детска исхрана.
Со одговорно и домаќинско управување, општината вложи во:
🍞 индустриси конвектомат за подготовка на кифлички, проја и останати тестени и производи,
🥣 професионален миксер за месење,
🥩 мелница за месо – со што се гарантира свежа и безбедна преработка.
Секој оброк се подготвува со особено внимание, под високи хигиенски стандарди и со план што ја следи нутритивната вредност потребна за правилен раст и развој на децата.
Да им понудиме на најмладите најдоброто што можеме – храна што не ја оставаат во чинијата.
Ѓорче Петров се грижи за своите најмлади! ❤️
https://www.facebook.com/share/18FE7zrPBn/