Државна лотарија водена од Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби, набавила апарати за коцкање во висина од 12 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Перпарим, поранешниот шеф на кабинет на Груби, на 4 јануари дава над 6 милиони евра за апарати за коцкање, на 11 јануари 2 милиони и 100 илјади евра, на 18 јануари над 3.5 милиони евра за апарати за коцкање, или вкупно 12 милиони евра од 4 јануари до 18 јануари. Додека народот гладува, додека Македонија има најниска минимална плата, додека нема пари за лекови, Лотарија на Македонија водена од кадрите на ДУИ и Артан Груби троши 12 милиони евра за апарати за коцкање“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, со СДС и ДУИ нема пари за потребите на граѓаните, но има пари за бизнисите нивни.
„СДС и ДУИ ја уништија Македонија. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.