ДКСК: Постапките за утврдување лична одговорност не ја поткопуваат институцијата


antikorupciska-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Државната комисија би сакала да ја увери јавноста, партнерите и меѓународната заедница дека институцијата
останува целосно доследна на почитувањето на принципите на интегритет, транспарентност и владеење на правото.


Од оваа институција, чијашто претседателка се сомничи дека одавала службена тајна на обинет, велат дека продолжуваат да работат независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат.

„Државната комисија уверува дека постапките за утврдување индивидуална одговорност не ја поткопуваат институционалната и колективната посветеност“, велат од ДКСК.

Како што додаваат, свесни се за важноста и значењето на довербата од јавноста, па затоа ќе продолжат да работат со највисока транспарентност и да соработуваат со надлежните институции, обезбедувајќи почитување на законите и највисоките етички стандарди во рамките на ДКСК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK