Директорот на косовската полиција Хоџа на средба со заменик министерот за внатрешни работи Буши и директорот на БЈБ Тасевски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија/Биро за јавна безбедност присуствуваше генералниот директор на полицијата на Република Косово, Газменд Хоџа придружуван од соодветна делегација на косовската полиција.



За време на посетата Хоџа оствари средба со заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, по што беше одржана билатерална средба со директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија Сашо Тасевски.

Како што соопшти МВР, на средбата се разговарало за одличната меѓусебна соработка, која континуирано се спроведува во текот на изминатите години, со заложби истата да продолжи уште на повисоко ниво и во иднина, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на двете земји, како и економски просперитет.

Како главни теми на средбата беа образложени полициската соработка во борбата против прекуграничниот и организиран криминал, заедничките истраги, прекуграничната соработка и соработката во делот на заеднички обуки, што има за цел унапредување на полициските капацитети на двете земји. Притоа беше нагласена и заедничката улога на полициите на двете земји во меѓународната соработка, се наведува во соопштението на МВР.

Генералниот директор на полицијата на Република Косово за време на еднодневната посета, го посети и Центарот за обука Идризово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK