Дипломатскиот синдикат со осуда за изјавата на Османи: „Не е албанофобија туку повик за професионализам“

ВМРО-ДПМНЕ-Што-ќе-рента-Османи-за-900000-евра-Кога-175.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот дипломатски синдикат најостро ги осудува квалификациите упатени од Министерот за надворешни работи Бујар Османи за наводна „албанофобија“ или „албано хистерија“ по повикот на Синдикатот за зачувување на професионалните дипломатски стандарди во Министерството.


Од синдикатот велат дека тие се и ќе продолжат да бидат последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба.

„Ве повикуваме да не употребувате несоодветна политичка реторика кога се работи за прашања кои ги засегаат професионалните дипломати и нивните кариери. Би сакале да Ви укажеме, дека бројот на членови на МДС континуирано се зголемува, а воедно во истиот членуваат дипломати од сите етнички заедни. Ова се должи на нашите континуирани принципиелни заложби за унапредување на статусот и правата на професионалните дипломати“, велат од дипломатскиот синдикат.

Потсетуваат дека откако Османи ја презел функцијата, упатени се повеќе од педесеттина амбасадори и конзули како и повеќе од двестотини дипломати на мандат, а синдикатот реагира исклучиво кога станува збор за прекршување на Законот за надворешни работи или за крајно спорни решенија.

Од тука повторно го поставија прашањето дали со предлогот за упатување на Генерален конзул во Њу Јорк се крши Законот за надворешни работи.

Македонскиот дипломатски синдикат вчера обвини дека министерот Бујар Османи за конзул во Њујорк испраќа штотуку вработен во МНР кој нема дипломатско звање.

„Еклатантен пример за непочитување на внатрешните регулативи е упатувањето на г-нот Мухаби Синани на местото Генерален конзул во Њујорк, истото она место на кое министерот Османи не успеа да ја упати во тоа време ТВ презентерката Бесмира Ејупи. Имено, г-нот Синани, кој што од скоро е вработен во МНР од приватна фирма не исполнува услови за упатување во странство. Тој минатата недела веќе ги има одбрането тезите за упатување без притоа да има стекнато високо дипломатско звање кое е законски услов за именување на генерален конзул“, велат од Дипломатскиот синдикат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK