Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список.
Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.
Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува лично, преку писмен поднесок во подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна комисија согласно подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК на [email protected]
Барањето се поднесува на образец и со него се приложуваат потребните документи – копија од лична карта или пасош, информираат од ДИК.