ДИК: Граѓаните ќе можат да гласаат и со истечени лични документи, но само во рок од 9 месеци пред изборите

СДСМ-Претседателот-на-државата-да-се-бира-на-непосредни-избори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Согласно одредбата од измените на Изборниот законик, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со пасош чијашто важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираа денеска од Државната изборна комисија.

Тоа значи дека на претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои им истекле личните документи од 24.07.2023.

На парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 08.08.2023 година до денот на изборите, информираа од ДИК.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK