ДИК апелира до граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

109924365_758924601542016_7057511032771244996_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Државната изборна комисија информира дека заклучно со 14 март, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид на своите податоци во избирачкиот список направиле 4859 лица.

7 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 5 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, 6 барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

„По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 1451 пријави од кои 1101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страната www.dijaspora.sec.mk“, велат од ДИК.

Потсетуваат дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена , запишување и бришење на податоци од страна на граѓаните ќе може да се направи најдоцна до 18 март 2024 година, 24 часот. Апелираат, граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK