„Денеска престанува важноста на личните документи, а Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Спасовски-е-неспособен-и-систем-за-вадење-на-лични-документи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи. Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


„Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува. Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи?

Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски?

Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат. Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС.

Мора да се стави на овој хаос. Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK