Денес повремени врнежи од дожд и температура до 12 степени

1692079519_dozd.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени, јавува УХМР.

Под влијание на циклонска активност и во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK