Демократското Движење: ДУИ со празни ветувања го остави во заборав туристичкиот центар “Попова Шапка”

Демократското-Движење-ДУИ-со-празни-ветувања-го-остави-во-заборав.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на туристичката сезона во туристичкиот центар “Попова Шапка”, и оваа година како и со децении наназад сведоци сме на недостатокот на капиталните инвестиции и класичната измама на владата особено од страна на албанската партија на власт-ДУИ, чиј кадар управува односно подобро кажано, го злоупотребува овој туристички центар, реагираат од Демократското движење.


„Минатата година владата на РСМ односно директорот на “ЕЛЕМ ТУРС” имаа најавено инвестиција вредна повеке од 186 милиони евра за модернизација и развој на туристичкиот центар „Попова Шапка“ од различни меѓународни инвеститори во конкретниот случај од Италија со името “Текно Алпин”, кој предвидуваше реализирање на инвестиција во шест фази, а само во првата фаза беа планирани над 55 милиони евра, и како резултат на таа инвестиција требаше да има нови скијачки патеки, ски лифт, требаше да се обнови хотелот “Славија”, како и изградба на нови други хотели, над 600 паркинг места, изградба на нови пристапни улици од Попова Шапка до скијачките патеки, а исто и во оваа прва фаза беше планирано и изнвестиција во систем за вештачки снег, сето тоа со почеток на изградбата во 2023 година“, истакнуваат од оваа партија.

Потсетуваат дека не делат само неколку денови од 2024 година а почетокот на инвестициите никаде не се гледа.

„Ова не е прв пат вакви слични проекти да започнуваат и да останат без епилог, бидејќи заедничкиот именител на сите неуспеси на капитални инвестиции во градот Тетово како и полошкиот регион воопшто, а особено за овој туристички центар е само еден виновник, а тој виновник е ДУИ. Затоа сметаме дека ден поскоро штом оваа криминогена структура ќе си замине од власт ќе се отстрани и последната пречка за функционализација и ревитализација на овој туристички центар, но и за сите други области на општествениот живот воопшто“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK