Демократско движење: Владините функционери ги покачија нивните плати на над 2.000 евра, а за граѓаните само 2.000 денари покачување

Демократско-движење-Владините-функционери-ги-покачија-нивните-плати-на-над.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според Демократското движење, лицемерието на актуелната власт нема крај. Честопати, велат од оваа партија, тие се горди на нешто од што всушност треба да се срамат.


„Министерот за економија, Крешник Бектеши, зголемувањето на минималната плата за 10 % или за 2.000 денари го смета за големо достигнување.

Од друга страна, покачувањето на платите за функционерите изнесуваше 78%, достигнувајќи вредност од 128.000 денари или над 2.000 евра, и ова е исмејување со судбината на обичниот граѓанин.

Веќе сите знаеме дека граѓаните се на работ на егзистенција. Се разбира, овој секојдневен притисок не го чувствуваат владините функционери и нивните семејства, бидејќи тие токму на сметка на граѓаните си обезбедија за себе удобно секојдневие“, се истакнува во реакцијата на оваа партија.

Ова што го прави власта, како што оценуваат, е само уште еден обид да се купи волјата на граѓаните за претстојните избори.

„Граѓаните добро знаат дека владата се обидува да го продаде како успех покачувањето на минималната плата за 2.000 денари, додека за себе ги покачија платите во вредност од повеќе од 2.000 евра, и корупциските скандали не престануваат“, се истакнува во напишаното од Демократското движење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK