Демокрстскиот сојуз бара темелна истрага за причините за пожарот во кој изгоре Универзалната сала, еден од симболите на Скопје.
„Тука во оваа сала се градеа илјадници музичари, актери, фолклористи и безброј други уметници, но негрижата на власта и лакомоста за провизии и пари ја изгореа истата.
Обидите за релативизирање на последиците од пожарот,дека истата е осигурана,дека металната конструкција е во ред итн,се само обиди за замаглување на одговорноста.
Демократскиот сојуз бара да се направи детална истрага и за тендерската постапка за избор на изведувачот на реконструкцијата на салата,потоа како е избрана фирмата која треба да врши надзор,колку се спроведувале заштитни мерки за превенција од пожар и друг вид на хаварии и случно.
Овој пожар само ја отслика неодговорноста и хаосот во државата во кој не внесе власта на СДСМ и ДУИ“, велат од Демократскиот сојуз.