Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази од која се жалеа вработените

toksikologija-204505.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски.


Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски кој во моментов користи годишен одмор е разрешен, иако повеќето поплаки се однесуваа на економската директорка Бесија Илјази.

Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изричито забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот на дело на 31 декември, минатата година.

Вработените укажуваат деја разрешувањето на медицинскиот директор е за т.н. говор за на омраза на етничка основа, кои вработените го отфрлаат како невистинит, неоснован и недоакажлив. Тврдат дека е чиста шпекулација, нарачана од поединци и реализирана преку новинар, кој во 2 часот по полноќ си дава за право да упаѓа на клиниката.

Понатаму, како што се додава, и покрај напорите на вработените и членовите на Управниот одбор на клиниката за изнаоѓање на модул за правилно функционирање на токсиколошката лабоработирија, истото не е реализирано заради несоработка со организациската директорка.

Според вработените, разрешувањето на Петровски укажува на напорите за политички вработувања на договор на дело, иако е незаконски до формирањето на новата Влада.

Пред речиси еден месец на прес-конференција, доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка, Илјази, не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование.

Нико Беќаровски, кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката, рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант – барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Илјази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски тогаш рече дека се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.

Министерот за здравство, Илир Демири, во истиот период го најави разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и на економската директорка бидејќи, како што тогаш изјави, немал сознанија за прекршок. Беќаровски кусо подоцна навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија, порачувајќи дека е време на приватните клиники да се отвори одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK