Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

demiri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка.


„Денеска ќе го разрешам медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски“ – рече министерот за здравство Илир Демири на прес-конференцијата.

Тој за економската директорка Бесија Иљази рече дека нема сознанија за прекршок. За тоа какво образование има Иљази, тој рече дека има високо образование, но не знае точно какво.

Вработените во Клиниката за токсикологија јавно обвинија дека oрганизациската директорка Бесија Иљази за само 2 месеца го зголемила долгот на институцијата за речиси 2 милиони денари (32.500 евра), не доаѓа на работа и не потпишува важни документи поради што пациентите чекаат втор месец за валидација на резултатите од токсиколошката лабораторија.

Тие велат дека валидациите доцнат бидејќи директорката не ја потпишала согласноста за договор на дело за двајца дипломирани биолози. Вработените велат дека Иљази не ги исполнува законските услови да биде директорка на клиниката и таа дневно работи само 4 и пол часа.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме обврзани со закон“, се наведува во соопштението на вработените од ЈЗУ Клиника за Токсикологија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK