Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

ilir-demiri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те семејства кои не добиле плата.

Прашан за тврдења во јавноста дека тие лица не исполнуваат критериуми за да работат таму, министерот рече дека тоа прашање требало да се постави во 2023 година.

„Ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го прекратам договорот на тој? Ние имаме 1.390 здравствени работници кои работат по договор на дело, што би се случило кога би се прекинале таквите договори? Јас бев и менаџер на тетовската болница, сте слушнале дека сум прекратил некаков договор?“, рече министерот, додавајќи дека ќе се ангажира овие луѓе да бидат приоритет при вработување на конкурсот што веќе ќе почне по изборите, а средствата биле обезбедени.

Додаде дека го замолил директорот, Данил Петровски, пред изборите да ги продолжи договорите, но тој одбил. За  разрешувањето на Петровски, Демири тврди дека тоа не било политичка кампања, а ако го разрешел пред изборите, како што рече, тогаш ќе било сфатено како политичка кампања. Петровски, според зборовите на Демири, е разрешен поради неправилности во работата.

За организациската директорка на Клиниката за токсикологија во Скопје, Бесија Иљази, министерот изјави дека таа ќе остане на својата позиција сѐ додека не го прекрши законот.

Пред речиси еден месец на прес-конференција доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка Бесија Илјази не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина, на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование. Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изречно забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот.

Едното од овие лица со истечени договори, како што беше кажано тогаш, работело како болничар, а од лаборант на Клиниката барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.

За образованието на Иљази лекарите не знаат ништо, а со неа немаат комуникација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK