Демири: МЗ посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава

Фото-прес-во-МЗ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод одбележување на Светскиот ден за борба против туберкулозата-24 март, денеска, се одржа заедничка прес конференција на Министерството за здравство, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, на која беа истакнати состојбата, заложбите, мерките и предизвиците во борбата со ова заболување.


– Министерството за здравство посебен фокус посветува токму на оваа тема и за таа цел, секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Туберкулозата иако може да се излекува сѐ уште претставува глобален здравствен проблем. Од туберкулоза може да заболи секој и присутна е во сите земји и возрасни групи.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи,а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени. Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата.

Тој посочи дека без разлика на социо-демографските карактеристики секој може да зболи од туберкулоза. Сепак под зголемен ризик се одредени групи, како што се: лица кои биле во непосреден контакт со болен од ТБЦ, лица кои живеат со ХИВ во затворени колективи, болни на имуносупресивна терапија, болни од малигни заболувања. Иако глобалните напори за борба против туберкулозата, од 2000 наваму помогнале да се спасат околу 75 милиони човечки животи, ковид пандемијата и конфликтите кои се појавија ширум светот значително придонесоа во забавувањето на постигнатиот прогрес.

– Императив е решавањето на здравствените нееднаквости. Мора да се справиме со пречките со кои се соочуваат маргинализираните и загрозени популации во нивнот пристап до здравствена нега за ТБ. Потребна е акција на национално, регионално и глобално ниво за надминување на нееднаквостите и дискриминацијата, преку овозможување поддршка за сите индивидуи со потреба од нега, истакна Пиа Врачко, советничка на СЗО за здравствени политики на денешната прес конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK