Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство во техничката влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство да се вработуваат невакцинирани лица, а ќе побара и казни за родителите кои со невакцинирање ги обесправуваат своите деца. Законските измени најави дека ќе ги побара по изборите оти имаме сериозен проблем со бројката на невакцинирани деца.



„По изборите ќе се изготви законска рамка која ќе овозможи да се санкционираат родителите кои ги обесправуваат децата и со невакцинирање не им дозволуваат да бидат заштитени од заболувања. Ќе побарам и принцип за вработување во јавното здравство да биде луѓе кои не се вакцинирани да не може да се вработат во здравствениот систем. Имаме сериозен проблем“, рече министерот Демири.

Организирал средба со Лекарската комора на која побарал сите 9.000 челнови да бидат промотори и амбасадори на вакцинацијата, како најефикасна заштита од многу болести. За министерот Демири позагрижувачка е состојбата со испуштените полио- вакцини отколку оние за морбили и голема кашлица оти во Западен балка се пропуштени повеќе од 2 милиони дози од полиомиелит.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK