Демант на Царинска управа: Не станува збор за обврзници со истечен рок, туку за обврзници со доспеан рок

carina_3453543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Царинската управа ја информира јавноста дека прилогот објавен на Телма во врска со неодамна запленетите обврзници, содржи непроверени информации и истите сакаме да ги демантираме.

Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок како што е наведено во прилогот. Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се  ефектуираат по истекот на тој датум.


Дополнително сакаме да ја информираме јавноста дека патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред судот ја призна вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени. Во исказот пред судот патникот изјавил дека имал намера да ги ефектуира обврзниците во странска земја.

Апелираме до медиумите и до јавноста да се држат до точни и проверени информации, затоа што сите шпекулации може да и наштетат на понатамошната истрага.

Финансиската истрага продолжува во соработка со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво, со цел докажување на евентуален обид за измама или спречување на  перење на пари. Истрагата ќе покаже која е реалната вредност на обврзниците и која е крајната намена на истите.

Согласно Законот за Царинска управа една од надлежностите на Царинската управа е и вршење на контрола на физички преносливи средства за плаќање – обврзници преку царинската линија на Република Северна Македонија.

 

Царинска управа на Република Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK