Делницата Велес – Градско денеска ќе биде затворена за сообраќај од 9 часот

Поради-сообраќајка-во-прекин-сообраќајот-на-патот-Прилеп-Росоман.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско, денеска ќе биде затворена за сообраќај во период од 09:00 – 16:00 часот.


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK