Судскиот совет на итна седница го прифати барањето за оставка на претседателот Сашко Георгиев, а согласно пресудата на Управен суд, одлучи да ја врати на функција поранешната претседателка Весна Дамева, која беше разрешена во мај минатата година.
Заменик претседателот на Судски совет, Ханиф Зендели нагласи дека нема да се расправа по пресудата на Управниот суд, односно со самото поништување на одлуката за нејзино разрешување, на сила се враќа одлуката за избор на Дамева за претседателка на Судски совет.
Според Зендели, Дамева ќе претседава со првата наредна седница на Судски совет.
Дамева беше разрешена од функцијата претседател на Советот во април минатата година. Членови на Советот се посомневаа дека го скрила писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое го критикува судството, но јавно не го кажаа тоа и како причина и без соодветно образложение на тензична седница со која претседавањето го презеде заменик-претседателот Селим Адеми надвор од пропишаните постапки беше изгласано разрешување на Дамева.
Таа поднесе тужба до Управниот суд, кој минатата недела пресуди во нејзина корист, ја поништи одлуката за нејзино разрешување и го задолжи Советот да постапи по пресудата.